Ракометарките на Кометал Ѓорче Петров ни ја прикажаа лошата страна на ракометот и во катастрофален натпревар, во кој во нашата игра преовладуваа грешките забележаа срамен пораз, на крајот изразен со 34-24 (20-7) (повеќе)
Во игра со многу осцилации и полна со грешки, но и со голема борбеност и желба за успех, ракометарките на Кометал успеаја да се изборат за првата победа во рамките на натрпеварите во лигата на европските шампиони (повеќе)
Денеска беше одржана редовната средба со новинарите на која беа изнесени размислувањата за моменталната состојба во клубот како и за очекувањата од натпреварот со Ларвик (повеќе)
Во петок (04.01.2008) со почеток во 12 часот ќе се одржи редовната прес конференција пред натпреварите од европската лига на шампионите. Вообичаено, Кометал ќе ги пречека новинарите во прес-салата во рамките на спортскиот комплекс Кале (повеќе)
Кометал Ѓорче Петров е поразен на двата контролни натпревари против српската екипа Наиса од Ниш. Во отсуство на Портјанко, Охоланга и Илкова, како и повредената Радуловиќ која настапи само на вториот натпревар, ова беше максимумот кој можеше да се постигне (повеќе)
Утре, со почеток во 19 часот, како и задутре со почеток во 12 часот, ракометарките на Кометал Ѓорче Петров ќе одиграат пријателски натпревари со гостите од Ниш, екипата на Наиса, на кои ќе се обидат да ја прилагодат формата за продолжението на лигата на европските прваци, која почнува на 5-ти јануари со натпреварот во Кале против Ларвик (повеќе)
Алегра Охоланга Локи, десниот бек на Кометал Ѓорче Петров и македонската репрезентација, заработи тешка повреда на првиот меч на светското првенство кое се одржува во Фрација (повеќе)
Тесен пораз во Тољати на вчерашниот натпревар. Кометал имаше свои шанси, но Лада ја искористи предноста што ја има на бековските позиции како и домашниот терен и на крајот на мечот ја однесе победата. (повеќе)
Ракометарките на Кометал веќе се наоѓаат во Тољати каде утре од 14 часот ќе го одиграат четвртиот натпревар во лигата на шампионите оваа сезона (повеќе)